Фудбал
Во Саудиска Арабија се руши рекорд поради Диего Коста, дали е луд ова да го одбие?!
Пред крајот на минатата 2020-та година, Диего Коста спогодбено го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Сега е слободен играч, во потрага по нов клуб. Неговата желба е да се врати во Премиер лигата, но му стигна неверојатна понуда од Саудиска Арабија.
Наводно Ал Хилал, тим кој се натпреварува во тамошната прва лига, на шпанскиот напаѓач со бразилски корени му понудил договор на 2,5 години со плата од речиси седум милиони евра годишно. Таква плата тешко дека ќе добие во било кој клуб со оглед на неговите години и формата.
Останува да видиме дали е толку „луд“ да ја одбие оваа понуда. Освен Ал Хилал за него се заинтересирани и тимови од Турција, но и Арсенал.
Диего Коста има 32 години. Вкупно во кариерата на 255 лигашки мечеви постигнал 117 голови и 75 асистенции.