Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид објави фотографија од „Сантијаго Бернабеу“ под снег, но навивачите забележаа нешто друго…

Во делови од Шпанија зимска идила. Снег и во Мадрид. Со бела боја прекриен е „Сантијаго Бернабеу“, домот на Реал Мадрид. Ваква фотографија објави самиот клуб, но навивачите освен снегот забележаа и нешто друго. А, тоа се машините на стадионот. Како што е познато веќе една година се реновира овој фудбалски храм. Сепак, фотографијата која ја објави клубот покажува дека работите се одвиваат многу бавно, па веројатно нема да бидат завршени во предвидениот рок. Навивачите по се изгледа нема скоро да се вратат на овој стадион, без разлика на рестрикциите поради коронавирусот. Токму поради градежните зафати, но и поради коронавирусот, Реал Мадрид мечевите ги игра веќе подолг период на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ кој има далеку помал капацитет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid)