Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете ја базата на Македонија на Европското првенство, вистински фудбалски храм

Стадионот на Стеауа Букурешт ќе биде фудбалската база на македонската репрезентација. Романските медиуми објавија дека Македонија и тамошното министерство за млади и спорт, веќе потпишале договор за изнајмување на овој стадион како место каде што нашата селекција ќе ги одржува тренинзите и ќе биде нивна база.

Ова е модерен стадион, кој во официјална употреба треба да биде пуштен наскоро.  Стадионот е лоциран во областан Генчеа во Букурешт. Неговата изградба чинеше речиси 100 милиони евра.

Македонија е во група со Австрија, Украина и Холандија. Првите два меча ќе ги игра во Букурешт, додека со Холандија во Амстердам.