Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити си купи трофеј, ама буквално!

Кој вели дека трофеј не може да се купи со пари. Може. Тоа го покажа сопственикот на Манчестер Сити, Шеикот Мансур бин Зајед Ал Најан, кој во својата колекција додаде уште еден пехар. Тој на аукција за 760 илјади фунти го купи најстариот трофеј во ФА Купот, кој Сити го освои по победата над Болтон во финалето далечната 1904-та година. Ова е најстариот примерок од трофеј кој постои од ова натпреварување. Го добивале тимовите кои го освојувале ФА Купот од 1896-та до 1910-та година.