Фудбал
Беше надежна ѕвезда на Реал, сега ќе игра во трета лига: Имам седум деца со четири различни жени, сега сум слободен
Малкумина веројатно се сеќаваат на Ројсон Дренте, холандски фудбалер кој важеше за голем талент. Поради тоа играше и во Реал Мадрид, а му предвидуваа голема кариера. Сепак, неговата форма почна да се движи во надолна линија, Реал почна да го праќа на позајмици, па кариерата пропадна. Имаше епизодни улоги во неколку клубови, пред извесно време прогласи бакрот, а сега има нов клуб.
Ќе игра за Расинг Мурсија, клуб формиран во 2013-та година, а се натпреварува во третата лига на Шпанија.
Тој треба да му помогне на тимот да се пласира во втората шпанска лига.
-Морам да работам чекор по чекор. Не сум подготвен уште да играм, но мислам дека морам да ослабнам неколку килограми. Од понеделник сум на диета, секогаш добро јадев бидејќи тетките добро спремаат, вели Дренте.
Со оглед на тоа дека неговото име им звучи познато на шпанските медиуми, направија интервју со него, а ги интересираше се што му се случувало на приватен план.
-Имам седум деца со четири различни жени, сега сум слободен човек, изјави тој за „Радио Марка“.