Connect with us

Фудбал

Меси ја губи вредноста на пазарот

„Трансфермаркт“ ја ажурираше вредноста на sвездата на Барселона, Лео Меси. Вредноста на Аргентинецот претрпе силен пад на пазарот.

Меси сега вреди 80 милиони евра, опаѓајќи за 20 милиони.

Тобијас Бласеио, менаџер на Трансфермаркт за Шпанија, понуди објаснување зошто вредноста на Меси падна.

„Меси полека ги достигнува последните години од својата кариера, а Барселона минува низ институционална криза. „По скоро 10 години, кои имаа вредност од над 100 милиони евра, сега тој го претрпе ова намалување од 20 милиони евра“, рече Бласеио.

По 10 години, Меси сега вреди помалку од 100 милиони, додека играч со најголема вредност е Килијан Мбапе со 180 милиони евра.