Connect with us

Фудбал

Само еден гол го дели Роналдо од историја и прво место на вечната листа

Јувентус го победи Сасуоло, со 3:1, а еден гол беше дело на Кристијано Роналдо. Тој стигна до бројката од 759 погодоци во кариерата, со што се израмни со легендарниот Јосиф Бичан на првото место на вечната листа. Претходно Роналдо го мина Пеле со 757 глови.

Првата шанса за постигнување на големиот рекорд Роналдо ќе ја има во среда кога Јувентус ја пречекува Џенова во меч од Купот на Италија.

Сепак, легендарниот Пеле ја негира оваа статистика и тврди дека тој во неговата кариера постигнал повеќе од 1200 голови.