Фудбал
ФОТО: Овој дрес Барселона ќе го носи само еднаш и никогаш повеќе и тоа на „Ел Класико“
Барселона има големи финансиски проблеми, па луѓето задолжени за тоа дојдоа до интересна идеја. Имено, направија дрес кој ќе биде специјално само за „Ел Класико“, односно дуелот со Реал Мадрид на 11 април. Токму овој меч ќе биде единствениот на кој Барса ќе ја носи оваа варијанта на дресови, па очекува продажбата да биде голема.
