Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Војната помеѓу Нејмар и Алваро продолжува

ПСЖ го совлада Марсеј со 2:1 во Суперкупот на Франција, а во центарот на вниманието повторно се најдоа Нејмар и Алваро. Тие исто така беа дел од „шоуто“ на почетокот на сезоната на мечот помеѓу овие две екипи кога беа доделени пет црвени картони. Нивната војна продолжи и на оваа пресметка.

Нејмар по повредата синоќа го одигра првиот меч, поточно последните дваесетина минути, а за тој период од Алваро прими удари колку што можеби цела сезона не примил. Но, војната продолжи и на социјалните мрежи по мечот.

Коментарот кој што предизвика негативни реакции од јавноста е оној на Алваро, кој напиша: Моите родители секогаш ме учеа како да го фрлам ѓубрето.