Фудбал
„Влегувам во куќата на Роналдо, и гледам 10 лица во собата …“
Како момче, Кристијано Роналдо сонуваше да биде најдобар на светот, и на крајот ги претвори своите соништа во реалност.
Роналдо ја доживеа светската слава во Манчестер Јунајтед, а својата популарност дополнително ја изгради во Реал Мадрид, сега тоа го стори и во Јувентус.
Рио Фердинанд потсети на една ситуација од времето кога тој и Роналдо беа соиграчи во тимот на „црвените ѓаволи“, а во исто време и соседи.
„Тој беше првата личност што инвестираше во својот тим луѓе. Прошетав низ неговата куќа, и гледам десет луѓе околу него. Прашав: ‘Кои се овие, што се случува?’“
„Тогаш Роналдо започна да ме набројува: ’Ова е мојот готвач, мојот физиотерапевт, мојот лекар, мој приватен тренер … ’. Тој го напушти Јунајтед како најдобар во светот“, додаде Англичанецот.
Роналдо сепак многу внимава на неговата физичка состојба, што е една од причините зошто тој е најдобриот играч на светот многу децении.