Фудбал
Играч на Саутемптон позитивен на Ковид-19 играше против Ливерпул
Саутемптон го победи Ливерпул на 4 јануари годинава на домашен терен со минимален резултат, а стрелецот на тој гол, Дени Ингс, се чини дека на тој натпревар играл позитивен на коронавирус.
Иако поминаа 10 дена од тој натпревар, пристигнатите откритија укажуваат дека напаѓачот на „Светците“ бил позитивен на вирусот корона. Англичанецот го постигна победничкиот гол во 2. минута, а го напушти теренот на 13 минути пред крајот на мечот.
Оваа вест ја потврди и тренерот на Саутемптон, Ралф Хасенхитл, кој плачеше по победата на неговиот тим на тој натпревар.
Екипата на Ливерпул за три дена го очекува големото англиско фудбалско дерби против Манчестер Јунајтед.
Се надеваме дека ова нема да влијае на играчите на двата тима, а особено на Ливерпул кои и онака имаат големи проблеми со повредени играчи.