Фудбал
Европското првенство ќе се игра во еден град: УЕФА негира, Швајцарците го тврдат спротивното!?
Моделот според кој треба де се игра Европското првенство во фудбал оваа годниа останува непроменет. Тоа е ставот на УЕФ кога е во прашање организацијата, но сепак некои веруваат дека таа одлука ќе се промени.
УЕФА не се откажува од модулот според кој е планирано Европското првенство, во кое за прв пат ке игра и нашата репрезентација, да се игра во 12 градови
„Што е однесува до Евро кое првично беше закажано за летото 2020, а потоа е презакажано за оваа година, ништо не е сменето“, изјавија од прес службата на УЕФА за „Франс Прес“.
Сепак, не можеме да кажеме дека ова е конечната одлука на УЕФА, крајниот рок за тоа е 5. март, па спред тоа УЕФА може да направи одредени промени. Кога станува збор за публиката УЕФА се уште нема одлучено конечна одлука, а на располагање има четири опции. Првата е да се игра пред полни стадиони, втората е да се игра пред половично полни стадиони, третата опција е да се дозволи влез на навивачи од20-30 проценти од капацитетот на стадионот и четвртата опција е воопшто да нема публика. Секако доколку биде дозволено присуство на публика тоа ќе биде преку строги здарвствени протоколи.
Меѓутоа, првиот човек на фудбалската федерација на Швајцарија, Доминик Блан, изјави дека планот на УЕФА е тешко изводлив поради ограничувањата во патувањата и медицинските протоколи. Според Блан, ЕП би можело да се одигра во една држава, или во еден голем град каде што има доволно стадиони.
Блан исто така истакна дека не верува дека на трибините ќе има навивачи и е убеден дека ЕП ќе се игра пред празни трибини.