Фудбал
Не е до Зидан, до фудбалерот е, Тотенхем ќе го врати Герет Бејл во Реал Мадрид?!
Англиските медиуми пишуваат дека тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не е импресиониран од Герет Бејл и она што тој го покажа досега. Велшанецот потпиша договор за двегодишна позајмица со Тотенхем и се очекуваше во својот поранешен клуб да ја врати формата.
Сепак, во изминатиот период ни трага од „стариот“ Бејл, напротив продолжи како со променливите игри во Реал Мадрид. Зинедин Зидан многу беше критикуван што не му дава поглема минутажа на Бејл, но очигледно дека не било до тренерот, туку до самиот играч.
Бејл досега во Тотенхем одигра 160 минути вкупно на 12 мечеви и постигна три голови. Има проблеми и со повредите, па поради сето ова англискиот тим е подготвен да го раскине договорот за позајмица и да го врати во Мадрид.