Connect with us

Фудбал

Двајца позитивни на Ковид-19 во редовите на Милан

Милан има големи проблеми во сезоната во која сè уште игра одлично и го држи првото место во Серија А.

Милан нема премногу широк список, што само по себе е проблем за „росонерите“, а покрај тоа постојано имаат повреди, но и проблеми со коронавирусот.

Многу првотимци во Милано веќе страдаа од оваа болест (Ибрахимовиќ, Ребиќ, Круниќ, Тонали, Донарума, Габија, Леао …), а сега е објавено дека има два нови случаи на инфекција со коронавирус.

Не е познато кој од фудбалерите е сега позитивен, но во секој случај, кои и да се, ќе го пропуштат натпреварот на Милан во понеделник на Сардинија против Каљари, а ќе го пропуштат и важниот натпревар со Аталанта.