Connect with us

Фудбал

Дали конечно доаѓа крајот на сагата? Арсенал и Озил се договориле

Како што објави новинарот Дејвид Орнстајн, Арсенал и Месут Озил конечно се договориле за раскин на соработката. Договорот е начелен, а би требало веднаш да се разделат. Доколку оди се по планот, 32-годишниот фудбалер викендов би требало да потпише за турски Фенербахче.

Озил требаше до крајот на договорот, односно до јуни оваа година да заработи околу 7 милиони фунти. Тој е најплатениот играч на Арсенал со неделна плата од 350 илјади фунти.