Connect with us

Фудбал

„Ел Нињо“ напредува како тренер, славниот фудбалер го презема Б-тимот на Атлетико Мадрид

Фернандо Торес ја заврши прекрасната кариера кон средината на 2019-та година, додека на почетокот на есента се врати во Атлетико Мадрид, но во улога на тренер на помладите селекции. Сега, следуваше чекор напред во таа професија. Ја презема командата над Б-тимот на Атлетико Мадрид.

Оваа екипа се натпреварува во третата шпанска лига, а судејќи според резултатите Торес го очекува многу работа. Екипата е последна на табелата, со една победа, две ремија и пет порази.

Инаку, Торес најголемиот дел од својата кариера ја мина во Атлетико Мадрид, каде играше и за младинските категории. За овој тим одигра 404 мечеви и постигна 129 голови.