Фудбал
ВИДЕО: Баерн се опорави од шокот во Купот
Иако Фрајбург како гостин пружи силен отпор, сепак Баерн Минхен на крајот славеше со 2:1 и се чини дека се опорави од шокот и елиминацијата во Купот од второлигашот Кил. Како и да е, на овој меч со головите на Левандовски и Милер дојдоа до нови три бода со кои уште повеќе ја зголемија бодовната разлика во однос на конкурентите за врвот. Баерн е лидер со 36 бодови, четири повеќе од второпласираниот Лајпциг. Голот за Фрајбург беше дело на Петесен кој погоди за 1:1, но сепак неговиот тим не издржа да го сочува овој резултат до крајот.
Standings provided by SofaScore LiveScore