Фудбал
ВИДЕО: Тотенхем победи кај последнопласираниот, но сите зборуваат за голот на Ндомбеле
Избраниците на Жозе Мурињо славеа со 3:1 кај Шефилд, последнопласираната екипа во Премиер лигата. Со оваа победа Тотенхем се најде на четвртото место со 33 бодови. Орие, Кин и Ндомбеле беа стрелци за Тотенхем, додека за Шефилд погоди МекГолрдик.
Сепак, сите зборуваат по мечот за голот на Ндомбеле. Случајно или не, играчот за врска постигна прекрасен гол од тешка позиција, кој сигурно ќе конкурира за најдобар на колото.