Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Турското дерби не може без црвени картони, овој старт е за во затвор, не за исклучување

Бешикташ го совлада Галатасарај во големото турско дерби со 2:0. Бешикташ во финишот на мечот стигна до победата. Најнапред Џозеф во 79-та минута погоди за 1:0, а потоа Н’Коудоу во продолжението од мечот ги постави конечните 2:0.

За поразот доста помогна и Мбаје Диање кој заработи директен црвен картон во 58-та минута поради невнимателна игра. Тој во карате стил стартуваше врз противнички играч, а фудбалски би се рекло овој стар беше за во затвор, не само за исклучување

Бешикташ е лидер со 38 бодови, три повеќе од Фенербахче. Галатасарај е на четвртото место со 33 бодови.