Фудбал
Пандев се врати по повредата, Џенова ставија крај на победничката серија на Аталанта
Пандев и неговиот тим Џенова ставија крај на мини серијата од три победи во низа на Аталанта. Тимот на Гасперини пред овој меч имаше четири победи во низа ако се смета и Купот против Каљари.
Сепак, Џенова успеа да остане непоразена на ова гостување откако одигра 0:0. Ова секако е голем успех за Пандев и Џенова кои грчевито се борат за опстанок. Уште повеќе радува фактот што успеаја да ја сочуваат мрежата против втората најефикасна екипа во Серие А, која само на последните три меча постигна неверојатни 12 голови.
Инаку, македонскиот капитен Горан Пандев се појави прв пат на теренот по пауза од четири меча поради повреда. Ги одигра последните триесетина минути.