Фудбал
ВИДЕО: Лионел Меси прв пат во дресот на Барса доби црвен картон, со овој потег го заслужи тоа!
Атлетик Билбао во шокантен финиш и чудесен пресврт со 3:2 ја совлада Барселона и го освои пехарот во Супер купот. На овој меч Лионел Меси повторно ќе влезе во историјата, но не поради головите или асистенциите, туку поради друга причина. Имено тој за прв пат во својата кариера добива црвен картон во дресот на Барселона. Тој досега одиграл 753 мечеви за каталонскиот тим, а ова му е прво исклучување.
Црвениот картон го доби во последната минута од второто продолжение од мечот, веројатно исфрустриран од поразот кој беше очигледен, па удри противнички играч.