Фудбал
„Нејмар и Мбапе? Нема да ги молиме да останат“
ПСЖ има нов тренер. Тухел го наследи Покетино, кој по само три меча на клупата на овој тим го освои првиот трофеј, оној во Суперкупот. Според пишувањата на француските медиуми Покетино имал неколку желби, а меѓу нив се Меси и Агуеро.
Но за таа цел, ќе мора да биде жртвувана некоја ѕвезда. Прв на листата е Мбапе, кој сака да замине во Реал Мадрид. Иако тоа се чинеше невозможно, сепак судејќи според изјавата на спортскиот директор Леонардо, ПСЖ нема премногу да жали за Мбапе, ниту пак за Нејмар за кој се шпекулираше дека сака да се врати во Барселона.
-Се надевам дека тие се убедени дека се на вистинското место, клуб за висики цели и со амбициозни играчи. Нема да ги молиме да останат, вели Леонардо, кој дополнува.
-Доколку еден фудбалер го сака клубот, тогаш ќе остане. Тие што навистина сакаат да останат, ќе го сторат тоа.