Фудбал
По 11 години напаѓачот се врати таму каде што се прослави, во Македонија ЃП
Напаѓачот Самир Фазли се врати во Македонија ЃП. Пред 11 години тој играше во овој клуб каде практично ја стекна репутацијата на голгетер и каде на 45 мечеви постигна 13 голови. Тој има седум настапи за сениорската репрезентација на Македонија и 22 за селекцијата за играчи до 21 година, каде постигна седум погодоци.
Во Македонија ЃП играше одлично во првиот мандат од каде направи трансфер во Херенвен, Холандија. Потоа играше уште за Хелмонд Спорт, Вил, Руде – Хрватска и Шкендија.
Фази е трето зимско засилување за Македонија ЃП по Робсон Да Силва и Изет Ајрулаху.