Connect with us

Фудбал

Франк Рибери сака да се врати во Бундеслигата

Поранешната sвезда на Баерн Минхен, Франк Рибери навести дека е отворен за враќање во Бундеслигата, иако истакна дека во моментов е фокусиран на неговиот тим Фиорентина.

Рибери стана легенда во Баерн, освојувајќи ја титулата во Бундеслигата девет пати во текот на 12 сезони со Баварците.

Поранешниот репрезентативец на Франција се приклучи на Фиорентина во Серија А минатата сезона и стана клучна фигура за „виолетовиот“ тим, со 15 настапи оваа сезона.

Договорот на Рибери со Фиорентина истекува на крајот на оваа сезона и, иако има 37 години, тој размислува да продолжи да игра, со можности повторно во Германија.

„Во моментов размислувам само за Фиорентина. Јас сум важен за овој тим. Но, јас не ја исклучувам можноста да се вратам во Бундеслигата кога ќе ја завршам работата тука“, рече Рибери.