Connect with us

Фудбал

Од „Питу Гули“ до Доминиканска Република, два трансфери за еден месец, но кој ги носи таму?

Двајца македонски интернационалци потпишаа за ист клуб во период од само еден месец. Станува збор за клубот Делфинс дел Есте од Доминиканска Република. Прв кој потпиша за овој тим е Борче Сркески од второлигашот Росоман. Вториот е Александар Златевски, кој досега играше за Победа, Питу Гули и на Росоман. Двајцата биле дел од тимот на Питу Гули.

Заслуга за двата трансфери има Хаџи Стефан Ристиќ кој од февруари го презема Делфинес дел Есте и ќе го води во CONCACAF Лигата на шампиони. Една година тој помина во тимот Питу Гули од Крушево, пред да се врати во Доминиканска Република.

Тој е роден во Србија, но цело време работи во Средна Америка. Има про лиценца, работи како спортски директор, но и како тренер.