Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барселона промаши два пенали, па мораше да „брка“ победа во продолженија против третолигаш

Откако Реал Мадрид беше елиминиран во Купот на Кралот од третолигаш, голема мака виде и Барселона, се разбира резултатски. Исто така во Купот на Кралот играа против третолигаш и тоа Корнеља, славеа со 2:0, но победата е обезбедена во продолженијата. Регуларниот дел од 90 минути заврши без голови. Статистиката целосно беше на страната на Барселона со дури 72 отсто посед на топка, со комбиниран состав, но во 90-те минути не ја погодија мрежата.

Дури промаѓија два пенали, прво Пјаниќ во 39-та  минута, а потоа и Дембеле во 80-та. Сепак, во продолженијата два пати по 15 минути, Барселона се погрижи да нема нова сензација. Дембеле во 92-та и Брајтвајт во 101-та погодија за победа на Каталонците.

Куп на Кралот/резултати (четврток)

Ибица – Атлетик Билбао 1:2

Корнеља – Барселона 0:2 по продолженија

Среда

Кордоба – Реал Сосиедад 0:2

Алкојано – Реал Мадрид 2:1 (по продолженија)