Фудбал
Давид Алаба подготвен да го изигра и Реал Мадрид
Австрискиот фудбалер Давид Алаба одлучи да го напушти Баерн Минхен и да ја бара среќата на друго место.
Според бројни информации, 28-годишниот дефанзивец е најблиску до Реал Мадрид, со кого веќе е во преговори.
Сепак, може да има голем пресврт и во овој случај. Бидејќи тој сè уште не договорил ништо со Реал, постои голема можност Алаба да заврши некаде на друго место и да го наруши вербалниот договор со Кралевите.
Иако Реал отсекогаш бил негов сон, Алаба верува дека клубот ја изгубил својата конкурентност во следниот период и сериозно разгледува други опции.
Наводно, тој во моментов ја чека Барселона и изборот на нов претседател за да види какви се плановите на каталонскиот тим.
Разгледува и други опции, а на маса има понуди од Ливерпул, ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Алаба имаше и профитабилна понуда од Баерн да ја продолжи соработката, но тој реши да замине и да ја проба среќата на друго место по повеќе од една деценија минати во Минхен.