Фудбал
„Тоа е еден од најтешките порази во мојата кариера и сè уште ме боли“
Хавиер Занети ја помина скоро целата своја кариера во дресот на Интер со кој освои скоро се што можеше и играше со некои од најдобрите светски фудбалери.
Занети го носеше дресот на Интер скоро 20 години откако пристигна летото 1995 година од Банфилд. Играше со многу sвезди, но еден фудбалер остави посебен белег на него.
Станува збор за Адријан кој важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Адријано обезбеди фантастични игри во Интер, но сето тоа отиде надолу кога неговиот татко беше убиен, а тој потоа се посвети на ноќниот живот.
Многумина велат дека Адријано можеше да биде најдобриот играч на светот доколку му се посветеше на фудбалот, но едноставно депресијата беше посилна од него. Тој талкаше од клуб во клуб и никогаш не успеа да се врати во старата форма.
Занети често зборува за Адријан со многу тага во неговиот глас. На Аргентинецот сè уште му е жал што некако не му помогна на својот соиграч, да го извади кога беше потребно.
„Не успеавме да го извлечеме од депресија. Тоа е еден од најтешките порази во мојата кариера. Сепак ме боли затоа што бев толку беспомошен“, рече Занети.