Фудбал
Тренерот на Милан со коментар: Ибрахимовиќ постапи како вистински шампион
Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието на дуелот Интер-Милан. Прво поради голот, потоа поради кавгата со Лукаку, па поради црвениот картон. Откако тој беше исклучен Милан прими два гола и загуби од Интер во четвртфиналето во Купот на Италија.
Сето ова го коментираше тренерот на „Росонерите“ Стефано Пиоли.
-Златан се однесуваше како вистински шампион, што и е. Упати извинување до соиграчите поради црвениот картон, изјави Пиоли.
Тој не сакаше да го коментира инцидентот на Ибра со Лукаку, а само порача дека се надева дека ситуацијата ќе се смири.