Connect with us

Фудбал

Никакви драстични казни нема да има за Ибрахимовиќ и Лукаку, ќе пропуштат само по еден меч?!

Додека во светот на фудбалот, и очигледно оној на социјалните медиуми, се води дебата за тоа кој направил грешка, кој започнал, кој провоцирал, кој претерал, вербалниот инцидент помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку наскоро ќе се соочи со спортска правда.

Првите информации, како што пишува „Газета дело Спорт“, велат дека во извештајот по мечот потпишан од судијата нема ништо „експлозивно“. Воедно се вели дека Дисциплинската комисија при Серие А, нема намера да ги прегледува аудио снимките за да утврдува што точно се случувало помеѓу овие двајца играчи.

Па, така доколку ништо спектакуларно не се случи, двајцата фудбалери ќе пропуштат само по еден меч. Златан Ибрахимовиќ поради вториот жолт картон, односно исклучувањето, додека Лукаку поради насобрани жолти картони нема да игра во полуфиналето.

Некакви драстични казни нема да има, пишува „Газета дело Спорт“.