Connect with us

Фудбал

УЕФА вели Црвена Звезда-Милан може со публика, но здравствените власти во Србија ги разочараа навивачите

УЕФА соопшти дека на стадионите во иднина може да присуствува публика, но 30 отсто од вкупниот капацитет на одреден стадион. Со оглед на тоа дека се ближат натпреварите од ЛШ и ЛЕ, навивачите на Црвена Звезда се понадеваа дека ќе можат во живот да го следат мечот со Милан кој на програмата е на 18-ти февруари.

Сепак, набрзо потоа стигна разочарување од страна на здравствените власи во Србија. Имено, членот на Кризниот штаб во борба против пандемијата, доктор Предраг Кон изјави дека такво нешто не е реално. Тој вели дека публика на стадионите нема да има додека не одлучи Кризниот штаб.

-Ќе видиме. Не е реално, изјавил кусо за српските медиуми доктор Кон.

Доколку биде навистина дозволено да има публика, тоа би значело дека според правилата до 30 отсто од капацитетот на стадионот, дуелот Црвена Звезда – Милан би можеле да го следат преку 16 илјади навивачи.