Фудбал
Ибрахимовиќ и Лукаку суспендирани
Фудбалерите на Милан и Интер, Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку заработија по еден меч суспензија по инцидентите на дербито во четвртфиналето во Купот. Иако се очекуваше казната да биде поголема со оглед на зборовите кои ги разменија, сепак тие се казнети со по еден меч неиграње. Па, така за Јувентус ова се добри вести со оглед на тоа дека во полуфиналето игра токму против Интер, кој на овој меч ќе настапи без најдобриот напаѓач Лукаку.
Сепак, останува да се види дали ќе има дополнителна истрага, иако Газета дело Спорт најави дека такво нешто нема да се случи.