Фудбал
Алиоски по информациите дека „паднал“ договор со Галатасарај: Нема ништо поубаво да играш во Премиер лигата
Пред неколку дена се појави информација, пред се во турските медиуми, дека Галатасарај се договорил со Алиоски за преселба во Истанбул по завршувањето на оваа сезона. На нашиот Џани договорот му истекува во јуни оваа година, а се уште нема официјален стард на преговори за продолжување на соработката со Лидс.
Сепак, Алиоски вели дека не сака да замине и дека е среќен во овој тим.
– Нема нешто поубаво од тоа да играш во Премиер лигата, против едни од најдобрите играчи на светот. Убаво е да си дел од Лидс и кога се надигруваш со така големи екипи, вели македонскиот репрезентативец.