Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Марсело Биелса-Ако Алиоски го избере Лидс, тогаш Лидс ќе го избере Алиоски

Коментирајќи ја можноста за заминување по завршувањето на сезоната, тренерот на Лидс, Мерсело Биелса изјави дека доколку Алиоски сака да остане во клубот, тогаш нема да има никакви проблеми за продолжување на договорот.

-Како прво, најважно нешто е тоа што тој сака да остане. Во една ваква ситуација најважно е тоа што фудбалерот сака да остане во клубот…Ако Алиоски го одбере Лидс, тогаш Лидс ќе го одбере Алиоски, изјави Биелса на прес конференцијата одговарајќи на новинарски прашања.