Фудбал
ВИДЕО: Се врати „заборавениот“ на Челзи, прв меч со нов тренер и погоди за потврда на победата
Томас Тухел на својот втор меч со Челзи стигна до победа од 2:0 во дуелот со Барнли. Лондонските „сини“ целосно ја оправдаа улогата на фаворит, а колку беа надмоќни покажува и статистиката според која противникот не упатил ниту еден удар кон нивниот гол, но и поседот на топката 71 отсто наспрема 29 отсто.
Челзи стигна до победата благодарејќи на головите на бековите. Првиот гол беше дело на Аспиликуета во 40-та минута. Интересно е тоа што стрелец на вториот гол со кој е потврдена победата во 84-та минута беше бекот Алонсо. Ова е прв меч за него од првата минута и прв настап воопшто од 26 септември минатата година. Последен пат Алонсо настапил против ВБА кога одигра едно полувреме.
Од тогаш или беше надвор од составот поради повреди или беше на клупата. Во последните 10 меча воопшто не беше во составот на екс тренерот Френк Лампард, не само во Премиер лигата, туку и во другите конкуренции каде што игра Челзи.
Со оваа победа Челзи собра 33 бодови и се наоѓа на седмото место, додека Барнли е на 16-то место со 22 бодови.
