Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пандев влезе во историјата на Серие А, Џенова го „прегази“ Кротоне

Џенова како гостин со 3:0 го прегази „фенерџијата“ на табелата Кротоне. Два пати стрелаше Матеа Дестро, а еднаш Чибора. Интересно е тоа што македонскиот капитен Горан Пандев во игра влезе во 71-та минута од клупата за резервни фудбалери. Ова беше за него 154 натпревар во игра да влегува како резерва. Со тоа го израмни овој рекорд со Серџо Пелисие. Секако, доколку Пандев веќе на следниот меч има можност да го зголеми бројот, со што ќе влезе во историјата на Серие А како играч кој забележал најмногу настапи како резервен фудбалер.