Фудбал
ВИДЕО: Победа за Наполи, мајсторија на Елиф Елмас
Екипата на Наполи славеше со 2:0 во пресметката со Парма со што брзо го „преболеа“ поразот од 3:1 во минатото коло од Верона. Стрелец на првиот гол беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 32-та минута кога се „прошета“ помеѓу фудбалерите на Парма, надмудри неколкумина од нив и постигна гол. Точка на мечот стави Матео Политано во 80-та минута.
Два меча во низа како стартер и два гола за Елиф Елмас. Претходно погоди против Специја во Купот на Италија во победата од 4:2.
Standings provided by SofaScore LiveScore