Фудбал
Белгија не е мирна поради Азар: „Сето ова е загрижувачко“
Кристоф Сас, докторот на белгиската фудбалска репрезентација изрази голема загриженост поради честите повреди на Еден Азар.
Фудбалерот на Реал Мадрид повторно е надвор од теренот поради повреда, а доктор Сас е загрижен дека Азар може да го пропушти Европското првенство.
Тој тврди дека повредата на одличен фудбалер е хронична и дека таквите работи секогаш завршуваат лошо.
„Чекаме, но сето ова е загрижувачко. За разлика од Прат, Мертенс или Де Брујне, Еден има хронична повреда која на крајот секогаш завршува лошо“, рече Сас и продолжи:
„Прво имаше проблем со зглобот, а потоа три пати со мускул. Лошо се снаоѓа и тешко е да се излезе од таков круг на повреди. Важно е тој да тренира како елитен спортист, но тоа е многу потешко кога ќе се опоравиш од повредата“.