Connect with us

Фудбал

Многу нешта се менуваат, но не и Жозе Мурињо

Жозе Мурињо ги обвинува судиите за поразот на неговиот Тотенхем од Челзи.

Тотенхем синоќа беше поразен од градскиот ривал со 1:0 на домашен терен, а единствениот гол го постигна Жоржињо од белата точка откако Диер промаши пенал.

Ако го прашате португалскиот стратег Жозе Мурињо, тој пенал е „непостоен“.

„Вистина е дека не игравме добро, но колку шанси имаа тие? Точно е дека немавме топка и не создадовме шанси во првото полувреме, но тоа не беше пенал. На крајот, тој пенал ја реши играта. Не беше опасна ситуација, тоа беше пенал што е тешко да се прифати. Ме боли да изгубам на овој начин“, рече Мурињо и додаде:

„Бевме различни во второто полувреме, Лукас и Ламела ни помогнаа да ја смениме динамиката на самата игра. Се чувствувам позитивно затоа што видов дека тимот заедно сака да се врати на крајот“.

Мурињо уште еднаш го истакна своето незадоволство од судијата Маринер.

„Не ми се допадна неговиот настап. Имам добар однос со него и тоа ми дава добра позиција да му кажам дека не ми се допаѓа неговиот настап“.