Фудбал
Судејќи по коментарите, Тухел го избра својот омилен играч во Челси
Тренерите обично зборуваат многу за повеќето свои играчи, сепак Томас Тухел отиде чекор подалеку.
Судејќи според коментарите за Н’Гола Канте, може да се каже дека омилениот играч на германскиот стручњак е на клупата на „Плавите“.
„Мислам дека Н’Голо се вклопува во плановите на кој било тренер во светот. Во минатото бев очаен што не го имав во моите тимови“.
„Кога ќе видите како живее, како работи, колку е скромен, квалитетот што му го дава на тимот. Чест ми е што сум негов тренер“, додаде Тухел.
Инаку, Тухел ги оживеа „сините“, кои со неговото доаѓање победуваат и уште еднаш се во игра за место во Лигата на шампионите.