Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Баерн Минхен владее со светот

Германскиот првак и актуелен шампион на Европа, Баерн Минхен владее со светот. По втор пат во својата историја стана светски клупски првак. Во финалето одиграно во Доха го совлада шампионот Мексико со 1:0.

Стрелец на единствениот гол кој го одлучи победникот беше Бенџамин Павард во 59 минута.

Во своето прво финале на Светското клупско првенство, Баерн пред осум години ја совлада екипата на Казабланка.
Рекордер со четири освоени трофеи останува Реал Мадид, Барселона има три титули, а Баерн и Коринтианс на двапати го освојуваа Светското клупско првенство.