Connect with us

Фудбал

Дајот Упамекано од следната сезона ќе ги брани боите на Баерн Минхен

Од следната сезона дресот на баварскиот гигант ќе го носи францускиот дефанзивец Дајот Упамекано, кој го избра Баерн за свој нов клуб.

Во изминатиот период, Салихамиџиќ разговараше со претставниците на 22-годишниот фудбалер. Тој им ги понуди услови, а Упамекано се согласи да потпише за Баерн.

Оваа вест ја донесе вечерва новинарот на „РМЦ Спорт“, Лоик Танзи. Тој тврди дека сè е готово и дека сè наскоро ќе биде официјално потврдено, а истата информација потоа ја донесе и угледниот „Л’Екип“.

Хасан Салихамиџиќ го реши прашањето со стоперите во следните неколку години, а Упамекано важи за еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Тој во моментов игра навистина одлично за „РБ Лајпциг“ и трансферот во Баерн сигурно ќе биде голем чекор напред во неговата кариера.

Баерн ќе плати 40 милиони евра на Лајпциг за овој фудбалер.