Фудбал
Сарказам или не? Одговорот на Гвардиола на низата победи е изненадувачки
Манчестер Сити е во неверојатна низа од 19 последователни победи.
Тимот на Пеп Гвардиола изгледа незапирливо, а нова „жртва“ е Борусија Менхегладбах, која беше лесно поразена од „граѓаните“ со 2:0.
После натпреварот, новинарите го прашаа Гвардиола како ја објаснува неверојатната серија победи. Се чинеше дека Пеп е многу саркастичен и кратко одговори:
„Имаме многу пари и можеме да купиме навистина неверојатни фудбалери“, се зборовите на шпански стручњак кој многумина го сметаат за сарказам затоа што претежно во фудбалскиот свет се зборува за пари што Сити ги троши на фудбалери, а не за резултатите и играта на Пеп Гвардиола.
Сити има добри шанси да продолжи со голема серија победи, бидејќи Вест Хем пристигнува на „Етихад“ во сабота.