Connect with us

Фудбал

Зошто Роналд Куман често има крварење од носот?

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, на прес-конференција денес повторно имаше проблеми со крварење од носот.

Холанѓанецот зборуваше на прес-конференција пред натпреварот против Севилја и на сред обраќање започна да крвари.

Ова му се случува по втор пат во последните неколку недели и многумина изразија загриженост за неговото здравје.

Шпанските медиуми наскоро ги открија причините за честото крварење на тренерот на Барселона и тврдат дека нема причина за загриженост.

Крварењето од носот е предизвикано од разредувачи на крв што Куман ги зема за проблеми со срцето.