Connect with us

Фудбал

Го договорија доаѓањето на големата sвезда и започнаа да го продаваат неговиот дрес, а потоа пристигна Роналдињо

Дејвид Бекам реши да го напушти Манчестер Јунајтед летото 2003 година и се пресели во Реал Мадрид за 37 милиони евра.

Сепак, пред зделката со „Кралскиот“ клуб Бекам разговараше со челниците на Барселона и тие го договорија неговото пристигнување на Камп Ноу.

Барселона дури успеа да договори трансфер со Манчестер Јунајтед и се чинеше дека Бекам дефинитивно оди во каталонскиот клуб. Сепак, во последен момент се случи неверојатен пресврт.

На крајот Бекам заврши во Реал Мадрид, но не затоа што „Кралевите“ испратија подобра понуда, туку затоа што Барса се откажа од трансферот. Тогаш челниците на каталонскиот клуб решија да го донесат Роналдињо од ПСЖ и тоа беше полн погодок.

Колку Бекам беше близу до неговото доаѓање во Барселона, најдобро покажува фотографијата дека дресот со неговото име веќе започна да се продава во фан-продавницата на каталонскиот клуб.