Connect with us

Фудбал

Герет Бејл има намера да ја добие секоја паричка од Реал Мадрид

Герет Бејл има намера целосно да го испочитува договорот со Реал Мадрид.

Велшанецот одамна е пречкртан од плановите на Зинедин Зидан. Затоа замина на позајмица во Тотенхем, каде игра многу добро во последно време.

Сè уште не е познато дали Тотенхем ќе го откупи неговиот договор, а доколку тоа не се случи, Бејл ќе се врати во Мадрид, каде има уште една година договор со Реал.

Велшанецот има намера целосно да го испочитува договорот што му носи 600.000 фунти неделно. Тој нема да се согласи на какво било намалување на платите и е подготвен да седи на трибините цела сезона доколку мадридскиот гигант донесе ваква одлука.

Секако, постои можност тој на крајот повторно да замине на позајмица, но Бејл нема намера да му попушти на Реал, каде што често беше на трибините во последните сезони.

Бејл одигра 251 натпревар за Реал и постигна 105 голови.