Connect with us

Фудбал

Раководството на Реал Мадрид веќе одлучи што ќе прави со Азар

Управата на Реал Мадрид донесе одлука да му даде на Азар уште една сезона за да се докаже во редовите на овој клуб.

Белгиецот има многу проблеми со повредите откако пристигна од Челси и не покажа апсолутно ништо во редовите на кралскиот клуб.

Сепак, Реал не сака така лесно да се откаже од овој фудбалер. Според списанието „АС“, управата на „Кралевите“ ќе го задржи Азар и следната сезона, и ова ќе биде неговата последна шанса да се докаже во клубот.

Доколку не го стори тоа, клубот ќе го продаде две години пред истекот на договорот.

Азар одигра само 35 натпревари за Реал за помалку од две сезони и постигна четири погодоци.