Connect with us

Фудбал

Се спрема голем трансфер на Де Геа, ќе ја напушти Премиер лигата

Давид де Геа наскоро би можел да го напушти не само Манчестер Јунајтед, туку и Премиер лигата.

Маурисио Покетино очајно сака да го види Де Геа на голот на ПСЖ, барем така известуваат некои медиуми од Островот.

Манчестер јунајтед не би имал ништо против продажбата затоа што сака да му даде на Дин Хендерсон што поголема можност за игра.

Покетино би го заменил Кејлор Навас со Де Геа, што на некој начин ја доведува во прашање исправноста на трансферот, со оглед на тоа дека костариканецот брани одлично.

Инаку, Шпанецот е член на Манчестер Јунајтед од 2011 година. Во последниве години, неговата пазарна вредност нагло падна и сега вреди нешто повеќе од 20 милиони евра.