Connect with us

Фудбал

Раиола откри детали за трансферот на Халанд: Само два клуба се во игра, еден доби посебен услов

Ерлинг Халанд се чини дека ги напушта редовите на Дортмунд и од следното лето ќе има нов клуб.

Според пишувањата на водечките светски медиуми, вклучително и шпанскиот „Мунодепортиво“, менаџерот на Халанд, Мино Раиола му ветил на Томас Тухел дека ќе го добие Халанд за 150 милиони евра во Челси, но во случај „сините“ да ја освојат Лигата на шампионите следната сезона.

Инаку, Халанд ќе патува на Ноу Камп и Барселона, но прашање е само колку Барселона ова лето може финансиски да му парира на Халанд, со оглед на тоа што во моментов се наоѓа во фаза на финансиско закрепнување.

Раиола рече дека е исклучена можноста за трансфери во Манчестер Јунајтед и Баерн, а Челзи и Барселона во моментов се единствените две опции за феноменалниот Норвежанец.

Ако се случи Халанд да заврши во Барселона, а Килиан Мбапе во Реал Мадрид, за кој исто така се шпекулира, тогаш по Роналдо и Меси, Реал и Барселона ќе добиеа уште еден судир на двајца одлични фудбалери, што сигурно ќе ги одбележи следните години во светот на фудбалот.