Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Барселона: Никогаш не гледам фудбал на ТВ

За време на пандемијата, но и пред неа, интеракцијата на играчите со обожавателите на социјалните мрежи е многу популарен начин на комуникација.

Голманот на Барселона и резервен голман на германската репрезентација Марк Андре Тер Штеген започна со еден таков предизвик преку својот Инстаграм во живо каде неговите следбеници му поставуваа интересни прашања.

Некои од нив се однесуваа на неговиот приватен живот, а имаше и такви за фудбалот.

Интересен беше неговиот негативен одговор на прашањето дали се гледа фудбал на ТВ. Германецот се дистанцираше и рече дека на зелениот терен гледа исклучиво во неговиот деловен живот, а не надвор од него.

Тој за Иниеста изјави дека е жива легенда и една од најпозитивните луѓе и во и надвор од играта. Тој додаде дека сè уште ги мие своите ракавиците пред секој натпревар, и дека е лакто-вегетаријанец (не јаде храна од животинско потекло освен јајца и сирење).

“Многу сум среќен за Боно кој викендов постигна гол за Севиља. Вториот голман Марко Дмитровиќ од Еибар исто така беше стрелец оваа сезона. Мојата работа е да го задржам својот гол, и доколку е потребно, секако дека би сакал да ја затресам мрежата”, додаде тој.